fbpx

Во Косово престојува делегација на американската влада на чело со Адам Болер, главен извршен директор на Меѓународната корпорација за финансии и развој на Соединетите држави. Дел од оваа делегација, која до 25 септември треба да ги посети и Белград, Атина и Израел, е и специјалниот пратеник на Белата куќа за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел.

Прашањата за кои се дискутира главно се однесуваат на економската соработка и регионалната стабилност, како и на Блискиот Исток. Оваа посета на Косово доаѓа неколку недели по потпишувањето на договорот во Белата куќа во Вашингтон за економска нормализација меѓу Косово и Србија, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Shpërndaj me

Loading...