fbpx

Регулаторната комисија за енергетика не смее да згасне како тело ако сакаме влез во Европската Унија вели за Алсат првиот човек на Комисијата, Марко Бислимовски. Според него во секоја земја постои ваков вид на тело за регулирање на цените и затоа барањето на граѓаните искажано на протестот е неиздржано.

„Регулаторно тело постои во сите земја и ако ние згаснеме едно такво тело носи одлука за цени на нафтени деривати, парно, струја ќе бидеме една несериозна држава, која ќе си го затвори поглавјето за енергетика за влез во ЕУ. Доколку сите енергетските компании побараат да работат со загуба годинава, ние во рок од 24 часа ќе ја промениме цената на струјата, но тоа ќе има последици врз целата економска активност во земјава“, рече Марко Бислимовски, Претседател на Регулаторна Комисија

За Владата вчерашниот протест е демократско право, но за одлуката на Регулаторна како независна институција немаат надлежности. Во наредиот период ќе разгледаат дали има потреба да превеземат мерки во пресрет на граѓаните.

„Одлука за покачување на цената за  електричната енергија носи Регулаторната комисија кое е независно регулаторно тело и Владата не влегува во ингеренциите, работата на независните комисии и агенции.
Во наредниот период Владата ќе го следи влијанието на одлуките на независните тела и ќе разгледа дали има потреба од соодветни мерки за поддршка на стандардот на граѓаните“, наведуваат од Владата.

Реагираа и од Сојузот на синдикати на Македонија, барајќи од институциите преиспитување на одлуката зошто била донесена избрзано. За нив целиот товар ќе паде на граѓаните, па затоа доколку цената на стујата остане покачена, за возврат државата треба да ги зголеми платите и пензиите.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...