fbpx

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Париз ќе разговара со францускиот претседател Емануел Макрон, откако тој се пожали дека најголемата воена алијанса во светот имала „мозочен удар“. Неговата оценка веднаш беше отфрлена од германската канцеларка Ангела Меркел која пак вчера во Бундестагот изјави дека НАТО е од суштинско значење за безбедноста на Европа. Столтенберг деновиве повтори дека најдобриот начин за решавање на разликите е „да се седне и да се разговара за нив“. Средбата на Столтенберг со Макрон, доаѓа неколку дена пред американскиот претседател Доналд Трамп и неговите колеги од НАТО да се сретнат во Лондон на еднодневен самит по повод 70-годишнината Алијансата.

 

Shpërndaj me

Loading...