Гласањето на референдумот за измените на Уставот на Русија што потенцијално би можеле да му дозволат на претседателот Владимир Путин да остане на власт уште 12 години завршува денеска. Околу 110,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на референдумот.

Уставните реформи предизвикаа остри критики од опозицијата и групите за човекови права кои ги сметаат за обид за грабнувања на моќта од страна на претседателот Владимир Путин. 67-годишниот руски лидер веќе две децении е на власт како претседател или премиер.

 

Shpërndaj me

Loading...