fbpx

Денеска истекува рокот во кој  инвеститорот на објектот во Мавровка, можеше сам да ја отстрани дивоградбата која никна на место на изгореното кафуле „Фонтана“. Веќе неколку дена на градилиштето нема работници, а општина Чаир преку објави во весници го информираше инвеститорот дека гради нелегално.

Доколку до полноќ објектот не го урне инвеститорот, обврската ја презема општина Чаир, која воедно и распиша тендер за да ангажира фирма која ќе урива дивоградби на територија на општината. Начинот на кој никна објектот во Мавровка веќе го истражува и МВР преку единицата за компјутерски криминал. Кога ќе заврши истрагата полицијата ќе го извести и обвинителството.

 

Shpërndaj me

Loading...