fbpx

165 заразени, 7 починати и 128 излечени е билансот на Ковид-19 за 24 часа во земјата. Најголем број заразени лица има во Скопје, додека голем број случаи се регистрирани во Тетово, Куманово, Гостивар, Штип и Охрид. Во Скопје, за прв пат, бројот на излечени лица е поголем од бројот на заразени лица, односно 71 заразен и 97 излечени.

 

Скопје 71
Тетово 20
Куманово 15
Гостивар 14
Штип 10
Охрид 10

 

Скопје:

Заразени 71
Излечени 97

Во последните 24 часа  7 лица починале, двајц во Скопје и Куманово и по еден во Струга, Кочани и Неготино. Во центрите за тестирање беа направени 1.454 тестови, а инфицирани се 11,3 проценти. Во 135-от ден од пандемијата, билансот на заразени достигна  6.787, додека бројот на починати е 328. Досега се излечиле 2.876 пациенти. Над 3.850 случаи сè уште се активни.

 

Адриан Керим

Shpërndaj me

Loading...