fbpx

На осум дена пред изборниот ден, не престанува објавувањето нелегални снимки на интернет. Денеска три нови прислушувани разговори помеѓу генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев и Миле Јанакиески завршија на „Јутјуб“. Снимката датира од 2013 – та година или од самиот ден на тогашните локални избори. Двајцата зборуваат за исклучување лифтови во згради во центарот на Скопје.

Прислушуван разговор:

„Игор Јанушев: Се слушнав со Милош, вика не знам што да правам со лифтовите

Миле Јанакиески: Нека ги е*ат бе брат“

На „Јутјуб“ анонимно веќе со денови се објавуваат нелегални снимки во кои главни актери беа лидерите на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ. Освен нив, инкриминирачки снимки има и за нивни сопартијци. Зоран Заев во интервју за МИА најави дека поднел кривични за нелегалното објавување бомби за да се утврди нивното потекло.

„Поднесовме веќе кривични пријави за незаконско прислушување за незаконско снимање и бараме тоа да се истера до крај“, рече Заев.

Но, од обвинителството демантираат.

„До овој момент во обвинителството не се пристигнати пријави за објавените прислушувани разговори“, велат од Обвинителството.

Освен за функционери на ВМРО – ДПМНЕ, паралелно нелегално се објавуваат снимки и за СДСМ. Во разговорите најчесто се споменува името на Вице Заев, брат на Зоран Заев, а вчера се објави и видео за кое се тврдеше дека е средба помеѓу Боки 13, Катица Јанева и евентуално Радмила Шеќеринска.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...