Во последните 24 часа се регистрирани 12 жртви, со што е поставен рекорд по бројот на починати за едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Со денешните податоци, вкупниот број на жртвите достигна 298.
Според извештајот на Министерството за здравство, петмина починати се регистрирани во Скопје, по двајца во Тетово и Струга и по еден во Гостивар, Велес и Штип.
Но, за среќа, бројот на евидентирани излекувани денес е 112, со што вкупниот број оздравени пациенти досега е 2.242. Домашните и меѓународните здравствени институции сè уште не знаат дали излекуваните можат повторно да се заразат. Еден таков случај се чини веќе има во Куманово.
Во последните 24 часа има 132 нови заразени лица. Во Скопје 57, Тетово 19, Штип 13 и Куманово 10. Со новите случаи, бројот на заразени кај нас достигна 6.209, од кои 3.484 се активни случаи.
И покрај големиот број новоинфицирани, министерот за здравство уверува дека државата во моментов има доволно болнички капацитет ако се зголеми бројот на пациенти. Во клиниката „Козле“ сега има 20 пациенти, а вкупно 60 легла. Слободни места има и на Клиниката за инфективни болести и во „8 Септември“, а во болницата во Битола има само 4 до 5 слободни кревети.
Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...