Денеска е стотиот ден откако кинеските власти на 31 декември минатата година ја алармираа СЗО дека кај граѓани од Вухан се забележан нетипични случи на воспаление на белите дробови. Оттогаш во светот од корона вирусот се заразија над милион и 600.000 луѓе, починаа 95.000, а досега се излекувани 360.000. Од нашите соседи позитивни вести пристигаат од Албанија. Во изминатите денови бројот на новодијагноситцирани со Ковид 19 опаднал.

Во последните 24 часа регистрирани се само 9 нови случаи со што вкупната бројка на заболени е 409 лица. Од нив 165 се веќе излекувани. Последната регистрирана жртва е 72 годишно лице, со што вкупната бројка на починати се искачи на 23. Еден од најпознатите албански инфектолози,Тритан Кало, смета дека тешките денови веќе припаѓаат на минатото. Но, не се согласува со олеснувањето на карантинските мерки кои ги најавуви албанскиот премиер Еди Рама.

„Олеснувањето или укинувањето на овие мерки, доколку не се придружени со други присилни мерки е предвремено. Либерализацијата на мерките мора да биде постепена, како што тоа го направија Јапонија и Јужна Кореја“, рече Тритан Кало, инфектолог од Албанија.

Институтот за јавно здравство на Косово информира дека во изминатите 24 часа се потврдени  три нови случаи со што бројката на заболени таму сега достигна 227. Излекувани се 38 лица, а починаа седум.

Во Србија во последното деноноќие регистрирани се четири нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 65 лица. Заразени се вкупно 2.666 лица. Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Бугарија е 624 од повеќе од половината се во Софија. Храватските власти, поради пандемијата го откажаа самитот ЕУ за Западен Балкан кој тебаше да се одржи на 7 мај. Во светски рамки САД, го презедоа приматот на земја во која има најмногу заразени од коронавирусот, близу 464.000 лица. Починати се 16.700.

Во државата Њујорк кое е новото жариште на коронавирусот, досега се потврдени скоро 160.000 случаи на заболени со што ја надмина и Шпанија со вкупно заразени близу 153.000. Шпанските власти информираа дека 446 лица починале во последното деноноќие. Во Италија досега се заразени близу 144.000, а со 610 починати во последните 24 часа. Но, во Франција за истиот период животот го загубиле 1.341 лице.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш со предупредување до членките на Советот за безбедност на Светската организација дека пандемијата на коронавирусот се заканува на меѓународниот мир и безбедноста. Таа потенцијално води и кон зголемување на социјалните немири и насилство.

„Знак на единство и одлучност на Советот за безбедност на ООН би значело многу во ова анксиозно време“, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

По маратонските дискусии денеска пак, министрите за финансии на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за пакетот помош од 500 милијарди евра за најпогодените европски држави.

Весна Велкова

Shpërndaj me

Loading...