Избирачкиот список ќе биде заклучен најаверројатно во среда најави претседателот на ДИК. Според првичните информации на 10-те вонредни парламентарни избори право на глас ќе имаат нешто повеќе од 1 814.000 граѓани.

„Континуираното чистење на списокот кој се одвива во континуитет  во ДИК преку подрачните единици, континуираното  квартално доставување од страна на  МВР доведува до тоа да овој список би рекол има високо ниво  на прочистеност“, рече Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

Министерот за внатрешни работи  Чулев порача партиите да ги почитуваат законите и дека МВР ќе ги санкционира сите форми на притисоци, заплашувања и поткуп на граѓаните.

“Граѓаните ги охрабрувам до МВР да пријават секоја активност  која е насочена кон кршење на избирачкото право и било каква изборна нерегуларност“, рече Чулев.

Дерковски информираше дека од изборниот процес можат да бидат изземени само членовите на Избирачките одбори кои имаат сериозни здравствени и семејни причина за кои треба да достават докази. Не е голем бројот на лица кои побарале да бидат изземени. На овие избори за прв пат ќе се гласа и во спортски сали за да се обезбеди дистанца меѓу гласачите, а гласањето е пролонгирано до 21 часот.

Парламентарните избори се организираат во еден изборен круг и за нив не треба цензус за да бидат успешни, односно без разлика на бројот на излезени гласачи изборите ќе се сметаат за завршени.

Весна Велкова

 

Shpërndaj me

Loading...