Околу десетина угостителски објекти биле казнети во текот на изминатото деноноќие од страна на државниот пазарен испекторат поради непочитување на протоколот. Инспекторите за Алсат велат дека сликата вчера била многу поразлична за разлика од првиот ден кога според нив угостителите работеле несовесно и неоодговорно. Апелираат протоколот да го почитуваат сите бидејќи пазарана инсепкција нема да ги едуцира туку ќе ги казнува.

Вчерашната слика беше токму она што очекувавме сите ние да го видиме, капацитетите на угостителските објекти беа преполовени, имаше дистанца помеѓу масите и дистанца помеѓу луѓето. Ние не сме тие што треба да едуцираат, ние сме тие што вршиме контрола и казнуваме -изјави Гавро Маркоски- Државен пазарен инспекторат.

По првиот ден од отварањето на угостителските објекти во јавноста беа објавени слики на кои се гледаше како луѓето се групирани во кафеани, имаше веселби на кои не се држеше дистанца и не се почитуваше протоколот од Владата.

По прекинатиот полициски час и МВР забележува зголемен број на прекршоци. Па така за само три дена полициските службеници казниле 1463 граѓани за не носење заштитна маска. Најголем број има во изминатото деноноќие кога 562 лица добиле парична казна од 20 евра поради тоа што не носеле маска.

МВР
27.08.2020 461 прекршок
28.05.2020 440 прекршоци
29.05.2020 562 прекршоци

Здраствените власти постојано апелираат дека е потребно поголема свест кај граѓаните и почитување на мерките за да може ја надминеме пандемијата.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...