fbpx

Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во Тиквешко, осум во Кавадарци и двајца во Неготино, за МИА денеска потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Новозаболените се на возраст од 17 до 63 години, повеќето од женски пол. Некои од нив претходно биле во контакт со позитивен на Ковид-19, а некои не знаеле од каде го добиле вирусот. Сите се со полесна клиничка слика, не се знае само за една личност, која е евидентирана како позитивна, а засега не одговарала на телефонските повици.

Shpërndaj me

Loading...