fbpx

Ветинг во правосудниот систем не може да се случи пред парламентарните избори на 12 април. Министерката за правда, Рената Дескоска рече дека процесот што се очекува да го започне Јавното обвинителство треба да помине низ широка дебата и да добие двотретинска поддршка во Собранието. Дескоска информираше дека во нејзиниот ресор во меѓувреме се подготвува правна рамка за продолжување на реформите во правосудството.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, рече дека спроведувањето на ветингот ќе го наруши сегашниот Устав и закони, бидејќи Обвинителството е независна институција. Тој рече дека работата на обвинителите треба да се следи од домашни експерти,а меѓународните не би можеле да го спроведат ветингот освен да имаат советодавна улога.

Овие коментари беа наведени во дијалогот организиран од Институтот за европска политика за тоа како да се спроведе реформската стратегија во правосудниот систем. Според нив, ветингот треба да одговори на две главни точки: проверка на движниот и недвижниот имот на судиите и обвинителите, според нивните приходи и извршувањето на функциите според стручната обука и работното искуство.

Аднан Ќаили

 

Shpërndaj me

Loading...