fbpx

Комисијата за заразни болести и покрај тоа што денеска разговараше на таа тема не донесе никаква одлука за повторно воспоставување на целодневната настава во училиштата. Според Комисијата, усвојувањето на една таква одлука зависи од многу фактори. Прво од Министерството за образование ќе се бара точниот број на деца кои би морало да остануваат подолго на училиште поради тоа што родителите им се на работа и нема кој друг да ги земе. Од друга страна, многу родители кои се жалат дека не можат да обезбедат опрема за „онлајн“ настава, инсистираат процесот да се одвива со физичко присуство.

„Според процентите, повеќето родители бараат физичко присуство и тоа 75%. Ова значи дека 30-35% од децата односно семејствата од оваа голема бројка сигурно не се согласуваат бидејќи немаат можност да посетуваат онлајн настава.”

Во ова училиште веќе се обезбедени компјутери за националната платформа за онлајн настава, но ќе треба уште опрема.

„Ќе ни требаат уште донации затоа што онлајн наставата бара посуштински подготовки. Секоја училница ќе треба да биде опремена со компјутери и камери со кои децата ќе можат да ја следат наставата.“

Минатата недела беше соопштено дека според податоците на Министерката за образование, околу 40 илјади ученици од основните и средните училишта нема да можат да следат онлајн настава поради лошата економска состојба или живеењето во рурална средина. Ним училиштата ќе им испраќаат печатени материјали дома, а часовите ќе ги гледаат на телевизија.

Мелихате Рустеми Алсат

Shpërndaj me

Loading...