fbpx

Децата се изложени на дискриминација повеќе од возрасните. Анализата на детската амбасада „Меѓаши“, покажува дека 42% од испитаните деца се чувствувале дискриминирани. Најчести мотиви за дискриминација се возраста, полот, семејниот финансиски статус, физичкиот изглед, телесната тежина, бојата на кожата, местото на живеење и стилот на облекување. Оваа анализа дури открива дека еден од мотивите што произведува дискриминација е и музиката што ја слушаат децата.

Психолозите заклучуваат дека предрасудите кај децата првпат се појавуваат на возраст од 3 години. Најчесто ги апсорбираат оние што веќе постојат во општеството.

„Колку се оптоварени со помалку предрасуди, толку поотворени ќе бидат во комуникација со своите врсници од другите култури, региони и етникуми. Ние мора да се повикаме на искуството на децата, на социјалното искуство. Започнувајќи во семејство, во зависност од тоа како родителите ги образуваат своите деца, ги едуцираат за дружење, да комуницираат со секого, или да ги избегнуваат одредени категории на луѓе. Второ, какви модели учат на училиште? Што промовира училиштето – дијалог, меѓукултурна соработка или не? И трето, медиумите или средствата за масовна комуникација, што промовираат тие? Што промовираат социјалните мрежи и тоа е важно прашање“, изјави Љуљзим Муртезани – психолог.

Според професорот колку е подемократски и порамномерен односот на општеството кон различните раси, етникуми и култури, толку помалку предрасуди ќе имаат децата. Од „Меѓаши“, велат дека дискриминацијата често се среќава и кај деца со посебни потреби, но има и врсници кои се однесуваат претпазливо кон оваа категорија.

Врз основа на анализата на „Меѓаши“, правата на децата повеќе се почитуваат дома, па во училиштата и во местото каде живеат. 10% од децата вклучени во оваа студија признале дека биле жртви на насилство.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...