fbpx

Во некои од промотивните видео-спотови во изборната кампања на скоро сите политички партии во трката, се прикажуваат деца под 18 години во главна улога или како поддржувачи на пораката што се пренесува. Изборниот законик јасно забранува учество на деца во платена политичка програма, но не постои одредба со која се уредува ова прашање во други форми на промоција, како што се оние на социјалните мрежи.

Изборен законик:

„НЕ СЕ ДОЗВОЛУВА УЧЕСТВО НА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ПЛАТЕНА ПОЛИТИЧКА ПРОГРАМА.“

За Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, употребата на деца во кампањите е многу загрижувачка појава. Тие неодамна апелираа до Обвинителството, Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисија да преземат мерки.

Според Меѓаши, секоја форма на употреба на деца за рекламирање е всушност нивна злоупотреба.

За овие избори „Меѓаши“ има регистрирано неколку вакви злоупотреби, но ваквата состојба се повторува при секоја досегашна изборна кампања.

 

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me

Loading...