fbpx

Мелек и Мердијан сега веќе ги исчистиле чантите и ги подготвиле книгите за петто одделение за да ги предадат во училиштето, доколку се отворат во септември. Додека ги ставаа во чантата, страниците од книгите се кинеа поради застареност и неменување со нови книги. Дури, како што кажуваат овие деца, ученици од основното училиште „7 Март“, во нивната училница имаше ученик кој не земал ниедна книга. Велат дека наишле на тешкотии и за време на решавање на домашните задачи, бидејќи задачите во книгата веќе биле решени.

„Беше тешко и за мене бидејќи секоја задача беше пополнета. Требаше да ги бришам, потоа да ги пишувам задачите. Дали сте имале во одделението, некој другар или другарка на кои им недостигае многу учебници? Да, имавме една другарка која немаше воопшто книги. Секој ден, наставничката ја седнуваше со некого за да учи, бидејќи немаеше ниедна книга”, изјави Мелек Шкрета, ученичка.

Учениците потсетуваат дека често не ги реализирале сите наставни единици, поради тоа што недостигале наставните единици во учебниците, затоа што биле искинати.

„Малку со тешкотии, некои страници не се, некои се, сите се искинати. Некои другари и другарки не ги имаа учебниците по албански јазик, природни науки, англиски, македонски. Како се снаоѓаа тие, ги фотокопирале од некого или ги позајмувале од некого? Некои фотокопираа, а некои позајмуваа од некого”, рече Мердијан Шкрета, ученик.

Освен тешкотиите со наставата онлајн, учениците и годинава учебната година ја завршија со недостиг на учебници. Распеделбата на учебниците беше прекината поради затворањето на училиштата од коронавирусот. Контактирани од Алсат, многу директори на училиштата признаа дека оваа година ја заокружуваат со околу 90 % оштетени учебници. Училиштата сега веќе изготвиле нов список за недостаток на учебници за учебната година 2020-21 и го доставиле до Министерството за образование. Од тука, пак, велат дека сите оштетени учебници ќе бидат заменети со нови, а нивната распеделба се планира да започне од 15 август.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...