fbpx

Во прашање е почетокот на новата учебна година. На денешната седница на Владата, освен што се дискутираше, не беше донесена одлука за конечниот модел за наставниот процес од 1 септември. Моделите што веќе ги подготви Министерството за образование ќе бидат разгледани уште еднаш на следниот состанок на Комисијата за заразни болести.  Министерот за образование во заминување, Арбер Адеми, инсистира новата учебна година да започне со физичко присуство, во зависност од епидемиолошката состојба во земјава.

„Станува збор за тешки одлуки и здравствените власти мора да бидат земени во предвид и да имаат важност, во случајов Комисијата за заразни болести со која сме во постојан контакт во последниве денови, но сепак одлука ќе има во текот на утрешниот ден. Немаше и нема амбиција со онлајн учење да се замени традиционалниот начин на спроведување на образовниот процес, бидејќи такво нешто е недостижно.“

Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, за Алсат изјави дека ставот на Комисијата за заразни болести е учебната година да започне од далечина, освен за првите одделенија.

„Ставот на Комисијата за заразни болести е дека образовниот процес треба да се одвива од далечина, освен за првите одделенија каде е неопходно физичко присуство на децата. Се плашиме поради ситуацијата на есен кога не знаеме со што ќе се соочиме, исто како и сите европски земји. Ќе биде многу опасно да се дозволи децата да се вратат во затворено без никакви ограничувања“, рече Филипче

Планот на Министерството за образование за реализација на образовниот процес во пандемијски услови содржи три модели: Организирање на настава со физичко присуство на учениците, учење од далечина и комбиниран концепт на реализација на наставата.

Melihate Rustemi

Shpërndaj me

Loading...