„Почитувани сограѓани, бројот на позитивните од Ковид 19 во Куманово евидентно се зголемува.

Одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата. Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22ри Март, тоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесувсаат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија“, пишува на својот ФБ, Максим Димитриевски.

„Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена. Колективното здравје е приоритет број еден. Жалам за сето оваа низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и оваа. Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома“, порача Димитриевски.

Shpërndaj me

Loading...