fbpx

Говорејќи на денешната седница на чиј дневен ред е Законот за Јавно обвинителство, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека датум за почеток на преговори во март нема да има, потсетувајќи дека со половина од пратениците и претходно се кладел оти датум немало да се додели ниту во октомври.

Димовски рече дека на странските дипломати не само што им е важно да се донесе Законот за Јавно обвинителство, туку им било важно и начинот на кој ќе биде донесен самиот Закон.

„Јас се обложив со сите вас дека во октомври нема да добиеме датум, и добив. Не дека јас го сакав тоа, туку поради тоа што е реалност. Ниту сега нема да добиеме преговори во март. Немојте да ја манипулирате јавноста со датумот. Една важна земја членка на ЕУ вели дека не е важно само да донесе, туку како ќе се донесе законот за ЈО“, рече Димовски.

Shpërndaj me

Loading...