fbpx

Граѓаните од денес ќе можат да добијат дел од услугите од државните институции во електронска форма. Официјално стартуваше националниот портал за електронски услуги на кој ќе може да се плаќаат надоместоците и административните такси. На интернет порталот uslugi.gov.mk ќе може да се добиваат и поврди од Министeрството за труд и социјала, Агенцијата за вработување, изводи од Матична книга на родените, венчаници и сл. Покрај брзината за добивање на услугата и заштедата на време една од клучните придобивки, според министерот Манчевски е и намалување на корупцијата.

„Преку еден портал граѓаните и фирмите користејќи едни и исти кориничко име и лозика и дифитален сертификат ќе имаат пристап до сите услуги од сите иниституции. Многу просто и многу едноставно нема повеќе кој ќе чека пак нема повеќе ви фали барање, нема повеќе губење време и нема веќе само да прашам. До крајот на годината ќе имаме уште 20 услуги достапни на порталот.“

Во моментов на поралот се достапни 127 услуги од 28 институции. Во иднина се очекува бројот да се зголемува имајќи во предвид дека на располагање има 1.300 услуги. За регистрација и пристап до услугите потребно е претходно да се има активна користична сметка во Управата за јавни приходи. И мерката која се очекува набрзо да започене ондносно набавката за субвенции на инвертер клими, ќе се одвива преку поднесено барање на овој портал.

Andrea Çobanova

Shpërndaj me

Loading...