Поради новите мерки за ограничување на движењето, во полошкиот регион долги редици во маркетите за купување намирници.

„Излеговме да купуваме нешто бидејќи немаме многу време. Платив сметки за интернет, струја и се вратив во село“…

„Излегов да пазарам и ќе се вратам дома. Излегов набрзина бидејќи немаме време“…

„Ова не е добро бидејќи затворени се сите продавници, луѓето треба да се движат“, рекоа жителите.

Инаку, повиците на општините за избегнување на гужвите пред банките повторно не се почитуваат.. Како во Тетово така и во Гостивар, пред банките и поштите, луѓето не ја почитуваат социјалната дистанца а повеќето од нив не носат заштитни маски и ракавици.

„До четири часот имаме време, но како да земам пари. Банкоматите ги користат само тие што имаат картички. Велат чекајте, кога одиме дома, нема ништо“, вели еден граѓанин.

Освен во институциите, метеж има и во парковите, и покрај апелите за останување дома.

Од овие општини апелираат да се почитуваат максимално владините препораки а најавуваат други мерки во локално  ниво, со цел спречување на вирусот.

Во меѓувреме, освен владините мерки, мерки преземаат и самите општини, како што е Гостивар каде се дезинфицираат сите што влегуваат и излегуваат од општината.

„Се планира до крајот на оваа недела да се стави уште еден, во центарот на градот за да можат да го користат граѓаните на Гостивар. Апелираме граѓаните да бидат совесни и да седат дома, да одржуваат лична и колективна хигиена“, вели Валбон Лимани- општина Гостивар.

Во последните 24 часа, во полошкиот регион никој не ја прекршил мерката за забрана на движењето додека вкупниот број на лицата во државен карантин во полошкиот регион е 428 или, 208 во Тетово и 220 во Гостивар.  До сега, од Ковид 19 во општина Тетово починале две лица.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me

Loading...