fbpx

Конечната одлука за тоа како ќе започне новата учебна година 2020-21 ќе биде објавена најдоцна до 10 август. Министерството за образование предлага наставниот процес да се спроведе со скратени програми, скратување на учебната година, намалување на учениците во училниците, работа на смени и учење од далечина. Од Министерството за образование велат дека во случај на враќање на физичкото присуство, училиштата треба да бидат подготвени во согласност со здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

Сето ова бара понатамошна анализа  од страна на комисијата и верувам дека за неколку дена, сè додека се дадени роковите, сето ова ќе заврши и ќе може да се одобри. Имаше конструктивност во разговорите што се одржаа и се очекува да имаме финализација на истото за да дојдеме до заклучок кој од овие протоколи ќе биде прифатен и ќе биде најдобар за образовниот процес“-изјави Арменд Арслани, заменик министер за здравство.

На денешната средба со комисијата за заразни болести, учествуваа и претставници на Министерството за труд и социјална политика да разговараат за функционирањето на градинките, но за ова нема конкретен предлог.

 

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...