fbpx

Според неофицијални информации, еден од полицајците бил потешко повреден, еден е задржан на операција, а тројца веќе се пуштени на домашно лекување, пренесува „360 Степени“.

Поголема група дрвокрадци нападнале полициска патрола од Општина Чашка, а во инцидентот дел од полицајците се повредени и завршиле во болница.

Оваа информација доцна синоќа се прошири на социјалните мрежи, каде се споделуваше и видео на кое се гледа како поминуваат полициско и возило на Итната медицинска помош со вклучени сирени, најверојатно на пат кон болница.

Како што информира  Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, досега се приведени четири лица.

 

Shpërndaj me

Loading...