fbpx

Дрвокрадци брутално претепале пет полицајци во велешкото село Степанци. Еден од полицајците има фрактура на на черепот, и на коските на лицето и тој е на Клиниката за неврохирурхија. Друг полицаец со повреди во стомакот е задржан во велешката болница. Останатите тројца имаат полесни повреди.. Полицијата уапси четворица од осомничените и идентификуваше уште 10 лица кои учествувале во нападот, додека истрагата продолжува за десетици други лица. Министерот Спасовски побара Обвинителството да постапи против напаѓачите.

Реагираше и Независниот синдикат на полицијата. Тие велат дека во моментот животот на полицаец чини помалку од еден кубен метар дрво, И бараат закон со кој полициската униформа ќе биде неприкосновена.

Во меѓувреме, од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ велат дека треба да продолжи соработката помеѓу шумската полиција и Министерството за внатрешни работи за заштита на шумите, во спротивно дивата сеча ќе заземе замав и загубите ќе бидат големи .

Mefail Ismaili

Shpërndaj me

Loading...