fbpx

И покрај високите броеви кои се објавуваат секој ден, земјава сè уште минува низ продолжен пик на првиот бран на коронавирусот. Тоа се забележува во денешната информација на Министерството за здравство, каде се вели дека веќе започнале институционалните подготовки за вториот бран на коронавирусот што се очекува да ја погоди земјата наесен.


Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести предложија во градовите каде што има општа болница или здравствен дом да се формира ковид-центар и доколку е потребно да се подигнат мобилни болници или да се прилагодат некои од постоечките простори. Како клучни приоритети за борбата против коронавирусот се наведуваат: „Стратешка координација , проактивно планирање, проценка на опциите“

Ваквиот предлог го поддржаа 16-тте градоначалници во земјава кои беа дел од состанокот.

Активни случаи:

Гевгелија
Куманово
Кавадарци
Струмица
Кичево
Дебар
Гостивар
Струга
Кочани
Охрид
Велес
Тетово
Штип
Битола
Ресен
Прилеп

Активностите за соочување со новиот можен бран наесен ќе продолжат утре за кога се закажани средби со директорите на болниците во споменатите општини.

Еви Шкопи

Shpërndaj me

Loading...