fbpx

Државната изборна комисија официјално го прими извештајот на Агенцијата за заштита на лични податоци, во кој се вели дека во ДИК се констатирани неколку прекршувања на одредбите за заштита на личните податоци на граѓаните. Од ДИК, велат дека набргу ќе и одговорат на Агенцијата.

ДИК

„ДИК денеска во 14.00 часот го прими контролниот извештај од Агенцијата за заштита на личните податоци. ДИК ќе даде одговор во однос на извештајот, а во тој момент ќе се потврдат сите прашања во врска со заштитата на личните податоци како и со натамошните чекори за утврдување на одговорноста доколку се наиде на некаква нерегуларност“.

 Од Агенцијата за заштита на личните податоци велат дека, доколку ДИК не ги отстрани констатираните прекршувања според предвидените рокови, тогаш ќе поднесат прекршочна постапка.

„По вонредната супервизија, АЗЛП донесе Одлука со корективни мерки и рокови за отстранување на определените прекршувања. По истекувањето на последниот рок за отстранување на констатираните прекршувања во Одлуката, Агенцијата ќе изврши супервизија за да провери дали ДИК постапила во однос на Одлуката. Доколку при контролната супервизија се утврди дека ДИК не постапила врз основа на Одлуката, ќе се покрене прекршочна постапка пред Комисијата за прекршоци на Агенцијата за заштита на лични податоци“.

Агенцијата за заштита на лични податоци побарала од ДИК неправилностите да ги реши и коригира во рок од 10 дена до осум месеци, во зависност од направениот прекршок и можностите за коригирање на пропустот.

Mefail ISmaili

Shpërndaj me

Loading...