Граѓаните кои ќе влезат во Македонија не мора да одат во државен карантин доколку приложат негативен тест на коронавирусот. Тестот не треба да е постар од 72 часа пред влез во државава. Ако е негативен, наместо во државен карантин, патниците ќе одат во задолжителна домашна самоизолација.

ВЛАДА НА РСМ:

„И СТРАНЦИТЕ ЌЕ ОДАТ ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНА САМОИЗОЛАЦИЈА“

„ЗАДОЛЖИТЕЛЕН НЕГАТИВЕН ТЕСТ И ПРИДРЖУВАЊЕ ДО ПРОТОКОЛИТЕ“

„Задолжителната домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести.“

Во моментов во државен карантин се сместени 1.221 лице, во изолација се 997 лица, а во самоизолација 10.193.

МВР:

ДРЖАВЕН КАРАНТИН – 1.221

ИЗОЛАЦИЈА – 997

САМОИЗОЛАЦИЈА 10.193

Министерот за здравко Венко Филипче вчера најави дека можно е отворање на границите кон средината на јуни, апелирајќи дека луѓето би можеле да патуваат каде сакаат, но со придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.

АЛСАТ

Shpërndaj me

Loading...