Брзите диети се често пати погрешни, бидејќи „инстант“ диетите даваат инстант резултати, а лицето што било на диета за кусо време се враќа во првобитната состојба, па дури и ја зголемува тежината што ја имало пред диетата.

Наместо на брза диета, фокусирајте се на здравјето. Промените во исхраната кои можат да бидат прифатливи на подолг период, дополнети со рамнотежата во потрошената енергија и внесот на калории се сметаат за идеални.

Постепено, помалиот внес на калории и поголемото трошење на истите ќе придонесе да се намалат килограмите и да се подобри здравствената состојба.

Како да се истрае во идејата за здравата исхрана?

Најважна од сè е решителноста дека треба да ослабете. Изработете си прифатлив план за слабеење и придржувајте се до него. Доколку се сомневате во себе и во тоа дали ќе успеете да издржите, побарајте помош од семејството и од пријателите.

Најголемиот успех доаѓа ако направите мали, ама сигурни промени и ако почнете да ја менувате исхраната со зголемен внес на овошје и зеленчук, намалени количини леб и слатки, и барем 15-минутно движење или трчање во текот на денот.

Подобрената исхрана, здравата храна и зголемените физички активности ќе доведат до подобрување на линијата, ама и на општата здравствена состојба.

Обидете се да ги запишувате дневно внесените калории и колку физичка активност имате во текот на денот, бидејќи врз основа на тоа ќе можете да согледате колку напредувате и дали слабеете.

За правилна борба против дебелината ќе ви требаат и совети од стручни лица од оваа област.

Можат ли да ви помогнат лековите?

Само земањето апчиња за слабеење не помага. Секој лекар ќе ве посоветува да ја смените и исхраната и да ги зголемите физичките активности барем во период од шест месеци.

Сепак, најважно е да ја разбудите својата совест и да размислите за своето лично здравје и за физичкиот изглед.

 

Shpërndaj me

Loading...