fbpx

Полното работно време од 40 часа неделно ДУИ планира да го намали на 36 работни часови. Во изборната програма на интегративците пишува дека ќе се залагаат секој петок да се работи со скатено време до пладне или до 13 часот, зависно кога е почетокот на работното време. Објаснувањето е дека на тој начин граѓаните ќе имаат повеќе време за себе и за семејството.

„Поставување флексибилно работно време во текот на неделата и можност за работа со полу-работно време во петок ќе се обезбеди повеќе време за семејството и подобро ментално здравје и поголема продуктивност“, наведуваат од ДУИ.

Според експертите, ваквиот предлог за условно кажано, продолжен викенд, бара сеопфатна анализа во која во предвид ќе се земат во предвид интересите на сите засегнати страни, а резултатите ќе ги покажат придобивките или загубите.

„Петок како последен работен ден во седмицата да се работи со скратено работно време сметам дека во моментот е прашање коешто сè уште не е доволно ‘зрело’ и не сме подготвени за ваква промена во законската регулатива“, рече Зорица Силјановска Универзитетска професорка.

Ставот пак, на Организацијата на  работодавачите е дека скратеното работно време е добро за одредени сектори, но не и за компании каде физичкото присуство е неопходно за обемот на продуктивност. Доколку се донесе ваков закон, оттаму сметаат секоја компанија одлуката треба да ја носи сама за себе. Од Конферерацијата на работодавачи пак сметаат дека и сега постои законско решение, фирмите во приватниот сектор да работат со скратено време доколку тоа го сакаат.

„Не само во финансискиот дел. Тука има влијание и на потрошувачката економија, на потрошувачките навики. Голем дел од компаниите знаат дека луѓето кои работат во петок и ја имаат единствената можност пред викендот да набават одредени стоки и производи и услуги е сега не ќе може да го направат тоа“, рече Миле Бошков, конфедерација на работодавачи.

Алсат побара став и од синдикатите, од каде не сакаа да коментираат политички програми и политики, туку велат дека секогаш ќе се залагаат за правата на работниците. ДУИ пред половина година и во Собранието се обиде да истурка законско решение за пола работно време во петок, но тој прелог не помина кај пратениците. Тогашните реакции во јавноста беа дека скратеното работно време нема да се почитува во приватниот сектор и оти придобивки ќе имаат само вработените под државна капа.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...