fbpx

По добивањето на мандатот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев имаше тричасовна средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која присуствуваа и партиските секретари. ДУИ преку заедничко соопштение објави дека претседателот на оваа партија, Али Ахмети и претседателот на СДСМ, Зоран Заев одржале работна средба во конструктивна атмосфера и заклучиле дека има добри основи за напредок. „Во конструктивната и продуктивна средба се постигнати основи за напредок кој носи до договор за коалиција за нова европска влада, посветена на евроинтеграциите, економијата, еднаквоста и владеењето на правото“, се вели во соопштението. Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на партиските секретари.

Shpërndaj me

Loading...