fbpx

„Во просторот на касарната „Илинден“ зад мене, ветена е изградба на зграда и на студентскиот дом на универзитетот „Мајка Тереза“. Екипата на Алсат немаше дозвола да снима во касарната, бидејќи овој имот сè уште не преминал во надлежност на универзитетот, иако помина повеќе од една година од утврдување на просторот и околу пет години од промоција на проектот “.

Последните снимки од камерата на Алсат покажуваат дека студентите на универзитетот „Мајка Тереза“ (УМТ) ќе продолжат да шетаат уште долго време за да го следат академскиот процес, иако ДУИ веќе пет години ветува изградба на универзитетската зграда. ДУИ ова ветување го има и во својата предизборна програма за периодот 2020 – 24. И министерот за образование, Арбер Адеми веќе неколку пати вети дека ќе ги затвори постапките поврзани со започнување на градежните работи за новиот универзитетски кампус на УМТ. До денес, сите овие заложби и ветувања на Адеми и неговата партија ДУИ се покажаа само како празни ветувања.

 

Алсат уште еднаш побара одговор од УМТ за да дознаеме до каде се процедурите за започнување на изградба на универзитетската зграда. Во писмениот одговор од оваа институција, меѓу другото, се наведува дека тие чекаат промена на Деталниот урбанистички план од страна на општина Чаир, исто како што тоа го правеше општина Карпош.

 

Потсетуваме дека во 2017 година во изјава за Алсат, ректорот на УМТ, Азиз Положани призна дека во име на забрзување на процедурите, доделил тендер од над 700 илјади евра за изготвување на идејниот план за овој универзитет. До клуч на рака, целиот универзитетски комплекс се очекува да достигне сума од околу 25 милиони евра, а само основниот проект чинел над 700 илјади евра. Освен во зградата на Сојузот на синдикати, студентите на УМТ учат и во просториите на О.У „Битолски конгрес“, каде претходно студираа студенти од Универзитетот од Тетово. Изградбата на кампусот „Универзитет Мајка Тереза“ беше ветен за време на владеењето на Никола Груевски во 2015 година, кога беше донесена одлуката за основање УМТ.

Shpërndaj me

Loading...