Од Демократската унија за интеграција најавуваат позитивна предизборна кампања која, како што велат, ќе се базира на промоција на сопствената програма, фокусирана врз пет основни столба.

Во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, претставничката на оваа партија, Арта Билали-Зендели, рече дека тие нема да се занимаваат со останатите политички партии.

„Секогаш сме за позитивна кампања, кампања во која секој субјект ќе се занимава со својата програмска понуда а нема да се занимава со другите партии. Веќе политичката платформа на ДУИ е определена која се базира на пет столба и тоа консензуалната интеграција, неселективната правда, развој и работни места, младите на прво место и квалитетниот живот. Ние сме за тоа кампањата да биде позитивна, да биде во рекламирање на политичката платформа а не на штета на другите партии“, рече Билали-Зендели.

 

Shpërndaj me

Loading...