fbpx

Ние сме само една недела од денот на изборите, но ДУИ е единствената партија што не ја објавила целосната програма во електронска форма за 2020-2024 година. Нивното објаснување е дека точките на програмата се презентираат континуирано за време на јавните настапи и тие инсистираат дека програмата е достапна „онлајн“.

На нашите настапи ги поставуваме овие проблеми, додека сегментот што го спомнувате е исто така на веб-страницата, bdi.mk,и ве молам барајте бидејќи не е тешко да се најде.  ја имаме во печатена форма можеме да ви ја испратиме до редакција ако сакате “.

Но, во електронска форма, на официјалната веб-страница на ДУИ, има само 25 реда од програмата објаснети со само една или две реченици и неколку промотивни брошури на програмата. Целосната програма не постои на веб-страницата на партијата. По инсистирање на Алсат,програмата ја добивме електронски , но сè уште не може да се најде во целост на Интернет. Во меѓувреме, сите други најголеми партии уште пред извесен период ги објавија своите програми и платформи. Програмите на сите партии во просек се од 100 до 350 страници. На граѓаните им остануваат само неколку дена до денот на изборите за да ги прочитаат и да донесат одлука кому му ќе му  дадат  доверба за формирање на влада.

Fatlume Dervishi

 

Shpërndaj me

Loading...