Поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Еклестун смета дека е невозможно да се започне новата сезона во Формула 1, како резултат на пандемиската криза со „Ковид 19“.

„Мора да ја откажеме оваа сезона и да се надеваме дека ќе започне следната година. Не гледам како е можно да се има вистинскиот број на трки оваа година“, истакна Еклостон.

Првите осум трки се откажани или одложени, додека последната што го откажа стартот на новата сезона беше трката за Големата награда на Монако, закажана за 19 март. Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на Федерацијата за автомобили и Формула 1 за новата сезона.

 

Shpërndaj me

Loading...