Истражувањата покажуваат дека економските кризи делуваат многу лошо на луѓето, го зголемуваат нивото на стрес во организмот, нè прават анксиозни и депресивни. Научниците исто така тврдат дека постои директна врска помеѓу економската криза и ризикот од заболување од некоја малигна болест.

Светската економска криза од 2008 година однела преку двесте илјади животи, проценува Организацијата за економска соработка и развој, односно толку заболени починале од рак кој бил предизвикан од стрес за чие создавање влијаеле токму финансиите.

Група на научници од Лондонскиот колеџ анализирала податоци на две милијарди луѓе од 75 земји.

Порастот не невработеноста и на цените на мало е во голема мера поврзан со смртноста од сите видови на рак, освен од ракот на белите дробови, покажало ова истражување.

Светската економска криза од 2008 чии последици се уште се чувствуваат пак, е поврзана директно со зголемената стапка на невработеност, помалите јавни финансии за здравствениот сектор и зголемениот стрес во секојдневнието.

 

Shpërndaj me

Loading...