fbpx

Вчерашниот протест во Грција ги надмина сите очекувања поради големата масовност, оценуваат експертите. Според Љупчо Петковски од Центарот „Еуротинк“, протестот треба да се земе во предвид, бидејќи повторувањето на истиот би ја зголемила политичката цена на решавањето на долгогодишното прашање на името.

Дарко Малиновски од Институтот за европска политика оценува дека протестите го пренесуваат сигналот дека сега е време за јавна дипломатија, односно достоинствено информирање на граѓаните во однос на тоа за што се преговара.

Експертите сепак се надеваат дека политичката елита во Грција е подготвена да ги менаџира масовните протести, со цел да не се врати ситуацијата од 90 – те години, пред да се постигне во Грција национален консензус решението да го има терминот „Македонија“, со некаква географска одредница за општа употреба.

Анеса Салиу

Shpërndaj me

Loading...