fbpx

Судството треба да се исчисти и потребни се реформи во многу институции. Поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска, оценува дека реформите во судството треба да се направат во согласност со европските критериуми .Таа вели дека не само судството, туку и другите институции треба да бидат расчистени од партиските кадри.

Додека Симонида Кацарска од Институтот за европска политика посочува дека евентуалниот ветинг треба да се направи многу внимателно, затоа што може да го зголеми влијанието на извршната власт во судството.

Кацарска цени дека при ветинг важно е да се заложиме за поцврсто спроведување на механизмите за одговорност на судството. Во дебатата организирана од Институтот за европска политика, национални и регионални експерти ја истакнаа потребата од поголема претпазливост при евентуално спроведување на ветингот, земајќи ги предвид искуствата со соседните и регионалните земји.

Mefail Ismaili

Shpërndaj me

Loading...