fbpx

Новата методологија за проширување на Унијата го попречува и го комплицира преговарачкиот процес како од политички, така и од технички аспект, оценуваат експерти за европски прашања. Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика проценува дека новата стратегија што ја предложи Европската комисија поттикнува разлики во регионот, бидејќи старите правила за Црна Гора и Србија ќе продолжат да се применуваат.

Коментирајќи ја можноста за суспендирање на преговорите доколку некоја од земјите кандидати не постигне напредок во текот на преговарањето, поранешниот амбасадор Мухамед Халили вели дека прекинувањето како можност постоело и порано.

„Оваа можност постои, не само како прекинување, туку како услови утврдени од земјите-членки. Имавме такви прекинувања поради условите што Грција ни ги наметна со децении. Овој прекин е малку потежок затоа што ќе бара 2/3 од гласовите на земјите-членки. Имавме можност за прекини дури и за време на процесот за визната либерализација, но ниту за Македонија, ниту за Албанија, ниту за која било друга земја, иако имаше иницијативи на пример од Холандија за Албанија, сепак не дојде до прекин“, вели Халили.

Европската унија со својот унифициран предлог ги групираше реформите во 6 категории: Владеење на правото, внатрешен пазар, конкурентност, екологија, земјоделство и надворешни односи. Отсега Европската комисија на маса ќе ги разгледува реформите што ги прават земјите-кандидати заедно со државите-членки за оценките да бидта едногласни. Комисијата се очекува да достави вонредни извештаи за Северна Македонија и Албанија во рок од еден месец и да ја повтори препораката за почеток на преговорите пред Самитот во Загреб.

Анеса Салиху

Shpërndaj me

Loading...