fbpx

Ако не се спречи одливот на мозоци, Македонија ќе треба да увезува двојно поскап стручен кадар. Ова е ставот на Исмаил Камбери од Институтот за европски политики кој посочува дека власта треба да реагира итно.

„Она што треба Република Македонија да направи, бидејќи веќе сме во процес на пристапување на Европска Унија, може би треба да креираме одредена стратегија за да можеме на долг рок да направиме план, за тоа како да го покачиме стандардот, како да ги подобриме условите, за тие кадри што сега ја напуштаат земјата да имаат мотив да се вратат тука, а тие што веќе се тука, да останат и да работат во земјава“, рече Камбери.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, вели дека клучна стратегија на власта ќе биде да овозможи европска мобилност на студентите, но за да црпат европски искуства и да се вратат во Македонија.

Според неа, власта прави напори да се смени лошиот имиџ на државата, но вели дека тоа не може да се случи одеднаш.

„Се знае дека во програмата на Владата се зголемуваат средствата за специјалистите, за докторите, ќе се направат сите возможни работи за да може тие да останат. Исто така, со дигитализацијата, се почувствува потребата дека треба да има таков кадар во државата и се прават напори се повеќе и повеќе да се задржат“, вели Димова.

Егзодусот од Македонија не запира. Еден од најзагрозените сектори е здрвството каде секоја година се зголемува одливот на лекари и болничари во странство.

Последните податоци на Лекарската комора покажуваат дека од 220 студени по медицина кои дипломираат, само педесетина би останале во Македонија. За други, иднината е во државите на Европската Унија.

Shpërndaj me

Loading...