fbpx

Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, од кои три потешко, во силна експлозија во хемиска фабрика на североистокот од Шпанија, соопштија регионалните каталонски власти.

Лицето загинало кога врз него се урнала зграда што била погодена од воздушниот бран предизвикан од експлозијата во фабриката во областа Тарагона. Кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез сооопшти дека тој е во контакт со каталонските власти и дека Мадрид е подготвен да ја пружи сета неопходна помош. Британскиите медиуми јавуваат дека на лице место се наоѓаат 20 пожарникарски возила, 11 возила на итната медицинска помош и хеликоптер.

На локалните жители им е советувано да останат во своите домови со затворени прозорци. иако засега нема податоци за загаден воздух.

Засега не е позната причината за експлозијата.

Shpërndaj me

Loading...