fbpx

Со прес конференција за Еуростандард излезе и ВМРО ДПМНЕ. Од оваа партија велат дека пропаѓањето на банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар во банкарскиот и финансискиот сектор. Прашаа дали се случува нов октопод и ТАТ втор дел. Сметаат и дека проблемот треба да се гледа и по систематски, посебно откако во јавноста кружеа информации дека банката имала проблем уште минатата година. Прашаа дали кризата влијаела и колку влијаела на пропаѓањето, и ако да зошто ништо не е преземено од страна на државата за спас? Побараа и власта да одговори дали сега се преземени сите дејствија за спасување на банката?

„Со ова директно и индиректно засегнати се огромен број на пензионери кои добиваат пензија преку користењето на услугите на банката, луѓе кои добиваат плата, и бизниси кои ги користеле услугите на банката. Со пропаѓањето на банката доведени се во прашање исплатите кон 55 илјади граѓани, од кој над 35 илјади пензионери и речиси 20 илјади приматели на социјална помош.“

 

Shpërndaj me

Loading...