fbpx

Граѓаните кои имаат сметка во Еуростандард банка не можеа да отворат нова сметка во друга банка бидејќи им се бараше исписница. Од Народната банка уверуваат дека проблемот е надминат и од денес граѓаните ќе можат без проблем да отворат сметка бидејќи сите останати банки се информирани да не им бараат таков документ, кој инаку требаше да го земат од веќе затворената Еуростандард. Пензионерите ќе треба најдоцна до 25 да отворат сметка во друга банка.

„Нема потреба од страв и паника. Ги молиме пензионерите да одат во постечките банки да отворат нови жиро-сметки. Имаме договор за електронска размена со сите банки и банките преку системот ќе ни соопштат, затоа нема потреба пензионерите по отворањето на новата сметка да доаѓаат во ПИОМ и да ги пријавуваат истите.“

И примателите на социјална помош, детска заштита или оние кои имаат приливи од Министеството за труд и социјална политика, најдоцна до 25 ќе треба да отворат сметки во други банки. Потоа самата банка ќе го извести Министерството за направената промена.

Министерство за труд и социјална политика

„Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото. Корисниците нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број.“

За оние кој примаат плата или останат вид на парични средства преку Еуростандард, во најкус можен рок треба да си ја променат банката. За направената промена треба да го информираат работодавачот за следната плата да им биде исплатена преку новата банки.

Andrea Çobanova

Shpërndaj me

Loading...