fbpx

Македонски Пошти останаа без платен промет по пропаѓањето „Еуростандард банка“. Мора итно да се потпише договор со друга банка, најавува генералниот директор на поштите, Ејуп Рустеми. Поради склучениот договор со пропаднатата банка, од денеска во пошта не може да се наплаќаат сметки за струја, комунални услуги да се врши исплата на пензии и социјална помош. Рустеми сега вели дека сега на потег се Владата и Народната банка.

„Од денеска поради неработењето на Еуростандард Банка на шалтерите на пошта не можеме да ги обезбедиме финансиските ускуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица. Пошта е во интензивна комуникација со Владата како оновач и со НБРМ како регулатор со цел изнаоѓање на брзо и  прифатливо решение за сите.“

 

 

 

Shpërndaj me

Loading...