fbpx

Пропаѓањето на Еуростандард банка е сценарио кое се подготвувало со месеци, а главниот виновик за тоа е Народната банка. Ова се дел од обвинувањата изнесени од мнозинскиот акционер на оваа банка, бизнисменот Трифун Костовски. Според него блиски кругови до Народната банка знаеле дека банката ќе оди под стечај и почнале да ги повлекуваат парите.

Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народната банка кои биле известени да си ги повлечат парите, бидејќи ќе се случи тоа што се случи.

Народната банка знаела два месеци за потенцијалниот купувач на Еуростандард банка и сепак одлучила да стави клуч на врата несакајќи да помогне, тврдат од семејството Костовски. Најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.

„Имавме понуди за преземање на банката понуди коишто гарантираа стабилност на банката, просперитет и развој имавме понуди од големи групациии и за истите беа запознаени и челниците на Народна банка.“

Вината за лошата финансиска состојба на банката ја гледаат и во поранешниот претседател на Управниот одбор за кој исто ќе бараат одговорност. Според нив затворањето на Еуростандард банка на семејството му нанело штета од 60 до 70 милиони евра.

Andrea Çobanova

Shpërndaj me

Loading...