Европската Унија силно ја осудува одлуката на режимот на Николас Мадуро за протерување на нејзиниот амбасадор од Венецуела и бара од властите да се вратат на преговарачката маса, јави дописничката на МИА од Брисел.

Владата на Мадуро, која не е признаена од повеќето западни земји, му даде 72 часа на амбасадорот на ЕУ во Венецуела да ја напушти земјата. ЕУ „длабоко жали“ што земјата продолжува меѓународно да се изолира и „цврсто ја осудува оваа одлука“, стои во официјалната реакција на високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, објавена вечерва.

 

Shpërndaj me

Loading...