Министрите за надворешни работи на Хрватска, Грција, Италија, Словенија, Албанија, Србија, Босна, Црна Гора и Северна Македонија разговараа „онлајн“ за повторно почнување на економиите пост пандемијата, како дел од јадранско-јонската иницијатива.

Тие ја истакнаа потребата од продлабочување на соработката и донесување на заеднички решенија, со цел да се отворат границите и слободно патување за граѓаните, непречен транспорт, зајакнување на трговијата и отворање на туристичките капацитети, преку здравствените протоколи.

Министерот Димитров рече дека членството во иницијатива и овозможува на земјата да има пристап до фондовите на ЕУ.

Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија, Урсула фон Дер Лејен, предложи економски план наречен „Идна генерација на ЕУ“ во вредност од 750 милијарди долари, која доколку биде одобрена од сите земји-членки ќе доведе до над 2 милијарди евра на општа сума што ЕУ ја одвои за закрепнување на економијата од пандемија, КОВИД 19.

Shpërndaj me

Loading...