fbpx

И додека на охридската страна во езерото повеќе од две недели интензивно се отстрануваат бесправно изградените објекти и друга урбана опрема на крајбрежјето, во Струга вакви активности нема. Евро амбасадорот  Жбогар, кој денеска беше во обиколка на локациите рече дека законот мора да важи и на другата страна.

„Колку што цениме дека владеењето на правото ќе биде спроведено од оваа страна на езерото, исто така очекуваме дека владеењето на правото ќе важи и за другата страна на езерото па и за целото езеро. Јас сум овде за да помогнам на самиот град Охрид да го зачува статусот на УНЕСКО, но и да се заштити тој статус, односно езерото. Јас гледам и разбирам дека има некои поединци во Охрид но исто така и во околината на Охрид, кои не се грижат многу за статусот на УНЕСКО, туку на прво место ги ставаат нивните приватни интереси“, рече Жбогар.

Градоначалникот на Охрид, Константин Ѓеорѓиески повика на разбирање од  граѓаните и сите засегнати страни за да се запре самоволието кое се случувало изминатите години.

„Треба да сфатиме дека таков тип на урбанизација повеќе нема да има. Чука УНЕСКО на врата цела година“, рече Ѓеорѓиески.

Инаку синоќа од собирот во Струга, лидерот на СДСМ, Заев, на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко му порача дека и плажите во Струга ќе бидат вратени во првобитна состојба

„Почитуваме различни власти, но законот кажува, ако не се постапи Владата има право да ги одземе надлежностите. Ќе ги одземеме надлежностите, ќе ја спроведеме комплетно постапката и ќе му ја дадеме на Мерко фактурата да ја плати крај, бидејќи нема како поинаку“, рече Заев.

Мерко денеска не беше достапен да одговори на повиците на Жбогар.

Мики Трајковски

 

Shpërndaj me

Loading...