fbpx

Жителите на Синичане ја поминаа втората ноќ на планина, чекајќи ја одлуката која би им дозволила на нив и Општината да ги продолжат работите за донесување на водата до нивното село. За разлика од ден претходно, денеска состојбата е мирна, жителите на другото село Урвич, денеска не протестираа. На местото на настанот се уште стојат полициски сили.

„Вака го прославија денеска празникот Бајрам жителите на селото Синичане, честитајќи си го меѓусебно Бајрам на протестот во Шар планина .Жителите се одлучни дека без   дозвола да почне со работа  овој багер кој го гледате зад мене нема да се вратат во нивните домови“.

„Ние се надеваме дека ќе ни помогнат. Сме побарале помош, работите кои ни следуваа нам сме ги направиле и тоа со самофинансирање сметаме дека ни следува оваа вода и бараме што побрзо да се заврши овој процес“.

„Тука сме веќе трет ден, и синоќа бевме тука и Бајрам правевме тука, и не се повлекуваме..Без водата нема што да бараме во село, немаме вода за пиење, немаме вода за хигиена и ова е став на сите. Полицијата не спречува не не остава да работиме, но ние сме одлучни и ќе останеме тука“.

Жител

„Ќе продолжиме до крај. Едноставно ја бараме нашата вода. Ги молиме да ни овозможат да ја завршиме оваа работа”.

На местото каде што е предвидено да продолжат работите за изградба на привремен водовод и  натаму стои полицијата. З арзлика од претходните денови кога состојбата беше потензична, денеска нема демонстранти од селото Урвич, кои велат дека изворот е нивни и не дозволуваат од него вода да протече и за Синичани.

Bashkim Sulejmani

 

Shpërndaj me

Loading...