Синоќа имало забава во еден од рестораните во Куманово. Гласната музика ги вознемири соседите, кои направиле аматерски снимки. Од кумановското СВР велат дека немало пријава за вакво нарушување на протоколот во угостителските објекти. Завчера, од МВР соопштија дека ќе интервенираат со полиција во ресторани или приватни куќи, но во случајот со оваа забава се покажало дека полицијата затворила очи, иако од оваа институцијава рекоа дека полицијата нема да опростува кршење на уредбите.

„Полицијата тука нема да прости, ние ќе интервенираме и ќе прекинеме каква било активност или манифестација“-изјави Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека во рок од една недела поднеле 28 кривични и 38 прекршочни пријави против сопственици на угостителски објекти за непочитување на владините мерки.

Но, според него, Државниот пазарен инспекторат во Куманово ќе биде затворен затоа што еден од инспекторите е позитивен на КоВид 19, а остатокот од персоналот ќе биде самоизолиран.

Аднан Ќаили

Shpërndaj me

Loading...